Според ДПМНЕ – СДСМ фалсификувале лични карти, па Спасовски покренал истрага за да се фати самиот?!

0
1386

Значи да ја сумираме ДПМНЕвската теза:

СДСМ успева да украде од МВР опрема, апарати и материјали за производство на лични карти (нема објаснување како е ова можно!?).

Со години произведува лични карти за непознати цели (не се користат за избори, тогаш зошто ли воопшто некој би го правел тоа?).

Потоа, во 2014та опозицискиот весник Фокус добива докази за фалсификувани пасоши и истите ги спроведува до МВР (ептен логично).

МВР не реагира, дури и негира дека такво нешто е возможно (машините за производство на пасоши тежеле 8 тони).

Оливер Спасовски (генерален секретар на СДСМ) доаѓа на чело на МВР и покренува истрага по добиените наводи, само и само за да објави дека СДСМ произведувала лични карти.

Во акција на полицијата уапсени се тројца, од кои двајца се ослободени, а еден е задржан за отслужување на стара казна која нема врска со фалсификување лични карти.

Ептен логично, нема што!

Драган Алчинов – Фејсбук статус