Спасов: Се очекува одлука на Владата за отворање на Слободни погребални зони во Македонија

0
1436

По одлуката на владата за отворање на Слободни здравствени зони, се очекува и одлука на владата на Груевски и за отворање на Слободни погребални зони во Македонија. Кампањата е веќе подготвена со слоганот: „Дојди и умри во Македонија„

Тука ќе може да бидат погребани сите кои сакаат Македонија да стане нивниот вечен дом а на кои посмртно ќе им биде доделувано и македонско државјанство.

Странските инвеститори во погребалните претпријатија во таа зона ќе бидат ослободени од плаќање данок и придонеси наредните десет години. Но ќе бидат вработени многу луѓе како гробари и чувари на гробиштата во Слободната погребална зона на Македонија.Тендерот треба да заврши најдоцна до први април а свеченото отворање на кое ќе присуствува премиерот Груевски во оставка да биде извршено пред денот на изборите. Ветуваме- Остваруваме.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов