Спасов: На Центарот за лаги и комуникации на ВМРО ДПМНЕ очигледно му гори под незете, ќе дознаеме ли наскоро како би гласале само членовите на ДПМНЕ?

0
1506

Ќе дознаеме ли наскоро како би гласале само членовите на ДПМНЕ?

На Центарот за лаги и комуникации на ВМРО ДПМНЕ очигледно му гори под незете. Излегоа прво резултатите од анкетата на ИРИ во која ВМРО ДПМНЕ има рејтинг 24% а Груевски 18% и тоа им се виде малку.

Откако беа соочени со фактот дека во истражувањето на ИРИ од мај 2014 година рејтингот на таа партија бил 34% и дека за 16 месеци изгубиле една третина од гласачкото тело или секој месец по 10 илјади гласови, според најреномираната светска агенција агенција, тие порачале ново истражување, кое било направено само еден месец по истражувањето за ИРИ.
Бидејќи добиле, веројатно исти или полоши резултати, решиле да направат манипулација со објавувањето на резултатите. Тие решиле да ги објават рејтинзите добиени само од анкетираните Македонци за луѓето да помислат дека ете, пак имаат рејтинг од 33% а Груевски е најомилен политичар кај 32% и не ја влече партијата удолу. Затоа насловите се „Најновата анкета на Брима Галуп и на Република„ покажува голема предност на ВМРО ДПМНЕ и се наведуваат бројките по кои се надевале дека луѓето нема да ја видат манипулацијата, односно дека се прикажани одговорите само на Македонците кои во анкетата ги имало најверојатно околу 65% или биле анкетирани само околу 650 граѓани кои рекле дека се Македонци. Така тие го зголемиле манипулативно рејтингот на ВМРО ДПМНЕ.
Сега се очекува следна анкета од реномирана агенција, од која Центарот за лаги и комуникации преку нивните пропратни портали и медиуми ќе ги објават само одговорите на оние што рекле дека се членови на ВМРО ДПМНЕ . И така ќе стигнат до рејтниг од 100%

Инаку, мошне добро е познато дека во авторитарни општества какво што го направи Груевски македонското, учество во вакви анкети прифаќаат пред се оние граѓани кои не стравуваат од последици кога ќе изјават дека би гласале за некоја од опозицоните партии, особено ако се вработени во јавна администрација или кај сопстевник кој на владечката партија и ги ветил на купче гласовите од неговите вработени. Заради тоа и најреномираните агенции добиваат примероци кои не се политички репрезентативни со што и резултатите без соответно стручно пондерирање се манипулативни.Па и најреномираните агенции во едно чудо земји направија погрешни изборни прогнози.
Признавам дека во претходнот мој Фб.пост направив превид во врска со датумот на спроведените анкети и не ја забележав оваа неочекувана манипулација, дека се прикажани само одговорите на Македонците.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов