Спасов: Кого лаже Брима Галуп со своите анкети – Во ист ден, со ист метод и на ист примерок добива сосема поинакви резултати!?

0
1211

Брима Галуп, на Ѓорѓи Кимов, кој беше советник за јавно мислење на претседателот Глигоров, го има спроведено истражувањето за потребите на ИРИ, кое неодамна беше објавено.

Во тоа истражување пишува дека било спроведено на терен од 29 октомври до 5ти ноември 2015 година.

На својот нарачетел ИРИ тогаш Брима Галуп му дала резултати според кои ВМРО ДПМНЕ има подршка од 24% а СДСМ подршка од 12% од гласачите.

На прашањето:За кој политичар имате најпозитивно мислење според ИРИ тоа за 18 % од граѓаните бил Груевски а за 5% Зоран Заев.

Од објавувањето на тие резултати, не помина ниту една недела а Брима Галуп објавува други резултати но овој пат за друг нарачател, неделникот Република или за ВМРО ДПМНЕ.

Овие резултати како што е објавено во медиумите се исто така од направено теренско истражување и тоа во истите денови кога било спроведено истражувањето за ИРИ од 29 октомври до 3 ноември.

Но овој нарачател добил во ист ден со ист метод и на ист примерок сосема поинакви резултати. Сега ВМРО ДПМНЕ тврди Брима, ужива подршка од 33.3% од гласачите а СДСМ од 14.7% од гласачите. За Груевски како политичар најпозитивно имаат не 18% туку32.3% а за Заев 9.1%.

Останува да виси прашањето: Дали Брима во ист период од 29 до 5ти ноември спровела две теренски истражувања за двајца различни нарачатели ИРИ и Република и во ист период со ист метод на ист примерок добила различни резултати.

Или од едно исто истражување на двајцата нарачатели им дала различни резултати. Ако истражувањето за Република било спроведено подоцна интересно е да се дознае како може да се објаснат таквите промени кои нарачателот Република односно ВМРО ДПМНЕ ги посакувал.

Ѓорги Спасов
фејсбук статус