Со 7.5 милиони евра за патни трошоци на пратениците можеа да се реновираат 10 болници!

0
1001

Македонските пратеници последните 10 години земале околу 7.5 милиони евра за патни трошоци. Во државата со најлошо здравство во Европа, со тие пари можеле да се реновираат 10 болници. Но, ете, поважно е тие пари да завршат во џебовите на „народните избраници“.

Поранешниот шеф на државна безбедност, Мијалков, зема 100,000 денари апанажа секој месец. Во државата со рекордна сиромаштија во Европа, тие пари можат да се употребат за намалување на сиромаштијата. Ама, ете, поважно е тие да одат кај човекот кој неофицијално поседува пола Македонија.

Ова ме потсетува на една анегдота од времето на СФРЈ. Кога отишол Тито на гости кај шефот на државната безбедност, кога видел во каква трошна куќичка живее, веднаш наредил да му се изгради нова голема куќа. Кога дошле градежниците да ја градат куќата, дотичниот другар им кажал да направат амбуланта, наместо куќа.

Ете, тоа ни треба денеска. Ваквите позитивни примери од СФРЈ.

Фејсбук статус на Бранимир Јовановиќ