Адвокатите на обвинетите за Диво Насеље тврдат дека поднеле барање до специјалното обвинителство, обвинението за тероризам против 29-мина да го преземе тимот на Катица Јанева, информира Телма. Насер Рауфи го оправдува барањето со тоа што во обвинителниот акт како докази се ставени илјадници страници од телефонска комуникација на обвинетите. Потврди дека вчера го поднел барањето.
Но од специјалното обвинителство за Телма тврдат дека нема такво барање до нив.
„Ве известуваме дека одбраната во случајот Диво насеље до денес нема поднесено никакви барања до ова Јавно обвинителство, ниту пак се доставени докази од кои би произлегла потребата од прибавување на предметот.“ стои во одговорот од прес службата на специјалното обвинителство кој го добивме денеска околу пладне.
Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ