Слобода за Велија Рамковски

0
1184

Слобода, велам, бидејќи со сите негови замешателства, во тој негов медиум А1 барем три пати неделно можевме да ја видиме тешката реалност за исклучените од општеството, од јавноста и од нашиот интерес.

Само кај А1 дознававме за лицата скршени од бремето на сиромаштијата, ситни бабички и дедовци во влажни кукарки со голи зидови, пластични прозорци, студени ќумбиња и врели солзи. Само таму дознававме за несреќниот татко принуден да го држи својот син заврзан со синџир бидејќи “немам чаре, мој господине”. Само во 7 навечер можевме да ги видиме светлата на велеградот и темницата на провинцијата.

Само неговите камери не се либеа ниту гадеа да се одвлечкаат до “таму нечистите” за да им дадат граѓански глас и човечки лик.

Велија е грешник, згрешил. Добил копани и ни продал вести. Требаше да му се суди и осуди. Дури и покрај споредбата со денешните чесни демо-христијани од македо-албанска провиниенција од Светата Катедрала на Кале. Чии злосторства се ем зелени ко долари подарени ем црвени ко крв што ни ја шмукаат.

Демократски. Шармантно насмеани.

Но по следење на вестите денес … време е да Рамковски биде ослободен. Кој знае, можеби повторно ќе најде начин – бидејќи сила има – за да пред очи ни го покаже сето она што шљамот на колонијалните марионети сакаат да го сокријат во оваа “убава земја”.

Тој за мене е веќе невин. Тој е политички затвореник на плутокрацијата на големата четворка и странските спонзори.

Слобода за Велија.

Арсим Зеколи – Фејсбук статус