Скромни лидери или маскирани милионери: Колку тежат Груевски, Заев, Ахмети и Тачи?

0
1398

Груевски, Ахмети, Заев, Тачи… Ова се лидерите на четирите најголеми политички партии кои носат одлуки во името на сите нас, граѓаните. Нивните ставови секојдневно ги слушаме, но многу малку знаеме што се крие зад „фенси“ оделата и луксузните автомобили во кои се возат.

Ако се суди според изгледот, заедничко за четворицата лидери на најголемите партии е што им годи политиката – имаат по неколку килограми плус откако се на врвот. Но, и многу побогати во однос на нивните гласачи. Дали политиката била добитна комбинација за Груевски, Заев, Ахмети и Тачи- лидерската четворка која во раце ја има судбината на државата?

Милион денари – толку премиерот Никола Груевски заработува годишно. Ако хипотетички се пресмета колку можел да заштеди ако ништо не потрошил, тогаш Груевски за овие неполни 10 години можел да заштеди 10 милиони денари или околу 150 илјади евра. Лидерот на опозицијата Заев со плата од 60 илјади денари како градоначалник на Струмица, по истата математика можел да заштеди седум до осум милиони денари или 100-тина илјади евра за последните 10 години. Пратениците Ахмети и Тачи, воедно и лидери на ДУИ и на ДПА преку парламентот заработиле по 900 илјади денари годишно или за последните 10 години околу 130 илјади евра.

ИЗБЕГНУВАЊЕТО НА ЗАКОНИТЕ КАКО НАЦИОНАЛЕН СПОРТ

Антокорупционерите се сомневаат дека нивното богатство е спечалено од нивните плати.

 Некако станавме шампиони и тоа како да е национален спортво државата- да се избегнуваат законите или да се наоѓаат можности да се избегнат обврските од законите“,вели Слаѓана Тасева од Транспарентност Македонија (ТИ).

И поранешни соработници на лидерите анализираат дека нивните месечни примања не се вклопуваат во актуелното богатство кое го поседуваат.

„Кај нас доаѓаат сиромашки во политиката,  да не речам голтари, кои немаат ништо сработено во животот, но преку ноќ, со завршувње на политичката кариера,  стануваа, не средни,  туку големи бизнисмени со милионски суми на сметките“, вели Јове Кекеновски, бивш член на партијата на Груевски.

„Државните функционери отидоа над уставот, над законите и институциите“, вели Зулфи Адили, доскорешен близок соработниик на Ахмети.

Алајдин Демири, некогашен соработник на Тачи, потенцира: „Ако анализираме што имаат на товар четворицата лидери тогаш ќе добиеме ужасна состојба“.

Кај нас лидерите обично стануваат премиери и тоа е веќе друг тип на корупција“, сметаГордан Георгиев, поранешен потпретседател на СДСМ.

ГРУЕВСКИ ПОБОГАТ ЗА 170 ИЛЈАДИ ЕВРА 

Од 2007-мата кога Груевски за прв пат како премиер пријавил што поседува во Антикорупциската комисија до денес, до последната пријава, имотот му се зголемил седум пати. Во моментов, според официјалните податоци, тој има 200 илјади евра. Карактеристично е што тој не поседува недвижен имот и затоа останува непознато на чие име е станот на улицата „Павел Шатев“ во Скопје во кој живее. Тоа е оваа зграда која не смее да се снима од околината затоа што обезбедувањето постојано внимава кој се приближува до објектот.

„Членовите на Државната комисија за спреување на корупција да го преиспитаат тој- едноставно да видат од каде се додјени тие пари и како одеднаш доаѓаат“, вели професоротКекеновски.

Груевски влезе во политиката во 1999-тата како министер за економија. Остава впечаток дека најголема доверба има во банките па затоа целиот имот му е на  30-тина денарски и девизни депозити, штедни книшки и картички. Претходно, во 2007-та имал само 12. Тогаш вкупната вредност му изнесувала околу 40 илјади евра, а имотот на неговата сопруга, исто така на кредитни картички, изнесувал осум илјади евра. Приближна вредност, или девет илајди евра се уметничките слики пријавени во Антикорупциска. Како што минувале годините Груевски пријавувал се повеќе пари во банка, но никогаш недвижен имот.

Во моментов има пријавено осум милиони и 300 илјади денари, 50-тина илјади евра, пет илјади долари, 2 300 швајцарски франци и 800 фунти или вкупно околу 200 илјади евра. Но, за дел од овие средства, поточно за 36.500 евра не го пријавил потеклото на парите.

Практично, имотот на Груевски се зголемил од 40-тина илјади евра на 200 илјади или станал побогат од прилика за 170 илјади евра- сума приближна на таа која претходно пресметавме дека можел да ја заштеди од премиерската плата за 10 години . Но, тоа значи дека не смеел ништо да потроши од тие пари. Соседите го доживуваат како најмоќен и најбогат.

Повеќе прочитајте од истражувањето на СКУП.