Скандалот со Иванов ја измести пораката што ЕУ сакаше да ја прати до Груевски

0
880

Не можеме да бидеме задоволни како граѓани како Претседателот Ѓорге Иванов ја извршува претседателската функција. Но, неделава човекот беше изложен на непримерна кампања во некои медиуми. Се збореше за некаков скандал што го предизвикал во Брисел. И што бил скандалот, претседателот на знаел добро англиски. Голема работа! Добро е да го знае, ама не е никаков скандал ако не го знае. И не само тоа, човекот наводно задоцнил на состанок со европски политичари затоа што заглавил во лифт! И замислете кој ја лиферувал оваа информација до медиумите, еден началник од неговиот кабинет. Човекот го плаќа како советник, а тој му копа гроб!

Свесно или несвесно откривачите на наводниот скандал ја изместија основната порака што ЕУ сакаше да ја прати до Груевски со тоа што на негово место го покани Иванов во Брисел. Пораката до Груевски беше многу јасна дека ЕУ може да го изолира и да одбие директни средби со него ако продолжи со неговата ирационалната политика. Другиот дел од пораката беше дека ако не се вразуми може да го промовираат Иванов како нивен иден соговорник.

Лажните скандали имаа за цел оваа најважна порака да ја изместат. Му направија услуга на Груевски. Создадоа впечаток во јавноста дека Груевски е незаменлив. Пораката до ЕУ и македонската јавност беше јасна, секој обид да се замени Груевски со Иванов ќе биде рамен на скандал. Началничка ујдурма!

Насер Селмани – Фејсбук статус