Се проширува аферата со личните карти, вмешани и владини функционери!

0
1127

Сите 424 лични карти на имиња на лица од Пустец се издадени во периодот од 2011 до 2013 година, потврдуваат извори од МВР за 24 Вести. Се уште се истражува на територијата на цела Македонија за да се утврди кои функционери биле вмешани во аферата и кои државни институции.

Откако и министерот за внатрешни Оливер Спасовски на последните пратенички прашања обелодени дека адресата каде што живее раководителот на подрачниот ЦУК од Ресен, Пецко Табаковски биле регистрирани дваесетина гласачи од Пустец, денеска реагираше ЦУК при Владата.
Во врска со оваа изјава која беше пренесена во неколку медиуми, ве информираме дека лице со такво име и презиме не постои во евиденцијата на вработени во ПО РЦУК Ресен, ниту било каде во Центарот за управување со кризи.
Од МВР велат дека лицето Пецко Табаковски било вработено во Дирекцијата за заштита и спасување. Истото може да се забележи и од официјалната страница на Општина Ресен во информацијата од седницата на Регионалниот штаб за управување со кризи дека лице Пецко Табаковски присуствувал како претставник од ДЗС. Со тоа велат од МВР се потврдува дека функционер од државна институција е вмешан во аферата со незаконско издавање лични карти.
Освен функционерот од Ресен МВР откри и дека и на адресата на директорот на гимназијата во Кичево биле заведени 18 лица кои незаконски и без потребната документација добиле лични карти и гласале на изборите во 2011 и 2013-та.
Дел од документацијата Спасовски доставил до Специјалното јавно обвинителство кое се прогласи за надлежно за слуачите со изборни манипулации