Се надевам дека инспекторатот ќе изврши увид во МНТ за да утврди дали се исполните обврските за безбедност на работно место

0
1201

Веровали или не и во нашата држава постои еден закон што ја третира безбедноста и здравјето на работа и ги дефинира обврските и должностите на работодавецот и работникот. Притоа, многу јасно и децидно се наведени обврските на работодавецот од аспект на обезбедување на сигурност на работното место од сите можни ризици, а се со цел на работниците да им бидат обезбедени соодветни услови (локациски, средствва за работа итн) и безбедност за нивното здравје.

Во врска со случајот на повредената актерка, без оглед на тоа како се случила несреќата, со оглед дека има сериозни сомнежи за безбедноста на објектот, се надевам дека надлежниот инспекторат ќе изврши увид на лице место со цел да утврди дали работодавецот ги исполнил сите своие обврски од Законот, за да им обезбеди безбедност и сигурност на вработените на нивното работно место.

Уранија Пировска – Фејсбук статус