Се замислува како Мохамед Али, а за десет години ни еднаш не излезе на тв-дуел!

0
1033

Бројни реакции и анализи предизвика вчерашното интервју на премиерот Никола Груевски за порталот „Прес24“. Оние кои очекуваа дека во него можеби ќе прочитаат волја за спроведување на обврските од Договорот од Пржино, останаа без текст. Други, кои ни претходно немале илузии дека се сменила матрицата на премиерското однесување, ги констатираат претходно посочените оценки: дека ништо не се сменило во однесувањето на премиерот, пишува Дојче веле.

Најиндикативно е што Груевски во интервјуто воопшто не ја спомна политичката криза во земјата. Според неговата „дијагноза“, станува збор за „напад на една темпирана и однапред осмислена кампања за лична дискредитација, за кампања која имаше цел да го урне Никола Груевски од позицијата премиер, да ги дестабилизира институциите на државата, да внесе немир, силна поделба, омраза, набој во македонското општество, посебно во делот меѓу етничките Македонци“.

„Напаѓачите на Македонија и изгубија една и пол година на нашата држава. Толкав период живееме во заложништво, но народот е бедемот на нашата Татковина, и тој го зададе најсилниот удар, кој својот вистински ефект ќе го има на следните избори“, оцени Груевски.

Притоа најави победнички излез од ситуацијата, преку илустрација со бокс- мечот меѓу Мохамед Али (Касиус Клеј) и Џорџ Форман.

„Форман на почетокот удираше и удираше, а Али го допушташе тоа, рунда по рунда. Али пушташе Форман да удира. Роуп а доуп (rope a dope) ја нарекоа неговата стратегија. И се случи Форман во осмата рунда да се умори, а Али тогаш почна. И ми се чини дека заврши со нокаут, Форман беше декласиран. Е сега, сите се прашуваа во првите осум рунди, зошто Али така боксува, мислеа дека е наместен мечот, мислеа дека Али е ослабен, но вистината беше дека Али имаше стратегија и се однесуваше различно од тоа што неговиот противник го профилирал за него. Осмата рунда за Заев допрва доаѓа, а финалниот удар ќе дојде на 24 април“, рече Груевски.

Целиот текст ОВДЕ