Сефер Цановски: Претседателе „заборавивте“ да ја помилувате Емел Рамковска, жртва на монтиран политички случај

0
1758

Сефер Цановски на својот фјесбук профил му се обраќа на претседателот Иванов иако помилува 174 осуденици и оваа година остави во затвор неколку жени, меѓу кои и Емел Цановска, ќерка на Велија Рамковски, која веќе 5 години е во затвор.

„Почитуван претседателе,

Помилувани се многу лица кои сториле убиства и други тешки кривични дела и секоја чест за тоа што сте ги помилувале , ќе израдувате многу семејства.

Но жал ми е што сте ги “заборавиле”и неколку жени од случајот пајажина вклучувајќи ја и Емел Рамковска мајка на 3 деца која за наводен финансиски криминал доби 6,5 години затвор од кои 5 ги има одлежано.

Овој чист политички монтиран случај ги остави веќе шеста година овие мајки да не можат да ја слават новата година со своите малолетни деца.

Им ја честитам новата година на сите освен вам. А на сите невини жртви кои поминуваат во затвор многу тешки мигови од нивниот живот им посакувам да истраат бидејќи правдата ќе излезе на виделина за многу брзо време“.

seferstatus