Семејствата потврдија: Монструм прв на листата на Катица Јанева!

0
1024

Горан Накевски, таткото на убиеното момче кај Смилковско Езеро, Александар Накевски, потврди дека од Специјалното јавно обвинителство ги поканиле и се сретнале со нив, пренесува тв21.

Во разговор за тв21, Накевски вели дека биле контактирани само еден ден по неговото интервју во емисијата „10 минути“. Тој тогаш изјави дека политичките партии се обидуваат да го блокираат процесот.

Накевски рече дека случајот „Монструм“ ќе биде прв на листата за истражување на Специјалното обвинителство. Тој рече дека средбата е одржена пред месец и половина, а истото го потврди и Бедри Хајдари, роднина на осудените, кој е член на Ораганизацискиот совет за случајот „Монструм“.
(…)

Во овој судски  случај беа осудени на доживотен затвор Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сами Лута за „тероризам“, додека Хаки Азири е осуден за помагање за сторено кривично дело „тероризам“.

текстот во целост прочитајте гоОВДЕ