Селмани: Преставници на делагацијата на ЕУ и на САД силно стојат зад предлогот на Ван Хауте

0
1260

Пропагадната машинерија на власта преку нивните медиуми вчера лансираа нова манипулација дека предлогот на Ван Хауте за реформи во медиумите нема поддршка од меѓународната заедница.

Денеска имав средба со преставници на делагацијата на ЕУ и на американската амбасада на која бев информниран дека тие силно стојат зад предлогот на Ван Хауте.
Овој став на премиерот Емил Димитриев јасно му го соопштиле амбасадорите Бејли и Орав минатата недела. Во интерес на објективното информирање на јавноста кабинетот на премиерот Димитриев може да го објави писмото на амбасадорите, каде е искажан ставот на меѓународната заедница во врска со предлогот на Ван Хауте.
Насер Селмани – претседател на ЗНМ
фејсбук статус