Сашо Ордановски: Ало мали Ѕинго, ти свесен ли си дека Мијалков ја реализира заканата од разговорот со Латас?!

0
1323

Интересна колумна на Сашо Ордановски во Плусинфо и Слободен Печат насловена САМРАК НА КУРТОНИТЕ. Еве мал извадок:

Според тоа, дозволете ми малку реторика: Ало, Мали Ѕинго, следиш ли бе ти што ти прави Груевски?

Се остварува ли планот на Мијалков од објавените телефонски разговори дека, за пет милиони евра годишно што ви ги бутаат по џебови, би можеле да си направат навистина СВОЈА телевизија, па себеси да си ги бутаат по џебови, многу, многу повеќе, наместо од тебе и твоите да продолжат да прават медиумски дембели?! Те викнале ли да ти кажат кога ја донеле таа одлука или и Латас не ти кажал дека и тој (веројатно сосе „комодата“ Ивона, како дел од неговиот канцелариски мебел) се спрема за трансфер натаму?  

А, некој да ти го даде бројот на Заев, таму, ако има останато некоја будала во СДСМ, да пробаш наново да се пазариш?