ССМ имал четири тајни сметки?!

0
1130

Седум синдикати од составот на ССМ, денеска на седница на Советот на ССМ побараледа се расправа за работењето на претседателот Живко Митревски и извештај за формирањето на Едукативен центар на ССМ, пренесе Плусинфо.

Точката за Едукативниот центар и трошењето од неговата жиро сметка е одложена до наредна седеница на која што Митревски ветил дека ќе поднесе информација за плаќањата преку сметката на овој центар, кои што се сомнителни според седумте гранкови синдикати.

До овие сомневања дека Митревски работел нестатутарно и противзаконски, како што денеска, изјавија секретарот на Советот на ССМ, Дарко Димовски и претседателот на Синдикатот на одбрана Ристо Ајтов, дошле како резултат на законот за архивирање. Тие побарале од Митревски да ги достави сите одлуки и фактури за да ги архивираат при што утврдиле дека ССМ има три жиро сметки од кои една јавна, а другите тајни, а Едукативниот центар кој не е формиран со одлука на Советот исто така имал три жиро сметки преку кои се трошеле пари за репрезентација во кафеани.