СКАНДАЛ: Ректорот ја излажа цела јавност: Полицијата на УКИМ била повикана од агенцијата за обезбедување СГС!

0
1148

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека смените на началничките позиции во полицијата во повеќе градови во Македонија се поради сериозни пропусти во работењето.

За смената на началникот на СВР Скопје, Спасовски рече дека причина се непостапувањето во случаите на напади врз новинари и последно упадот на полицијата на УКИМ.

Конкретно во однос на случајот со упадот на полицијата на УКИМ за време на блокадата на Ректоратот од страна на претставници на Студентскиот пленум и младинската организација Мугра, Спасовски рече дека во службената белешка на полицајците тие навеле дека полицијата на Универзитетот била повикана од припадник на приватната агенција за обезбедување СГС, а не од Ректорот, како што се тврдеше во некои медиуми.