СКАНДАЛ: Режимската пудлица од Илинденска б.б. одбила да го прими американскиот амбасадор Џес Бејли бидејќи немал закажано!

0
1798

По целодневното исчекување на јавното соопштување на ставот на САД и ЕУ за изборите на 24 април, чиј термин беше во неколку наврати одложуван, и одбивањето на Груевски да се појави на лидерската средба во Клубот на пратениците, вечерта се случил скандал во зградата на Владата.

Откако ставот на САД и ЕУ беше јасен уште пред јавно да се сопшти, Груевски ја бојкотираше лидерската средба во знак на револт, но тоа како да не беше доволно да се искаже револтот на режимот од ставот на меѓународната заедница, па решија да ја активираат својата пудлица, која моментално дреме на Иленденска б.б. Како што дознава Мактел, техничкиот премиер Емил Димитриев одбил да го прими американскиот амбасадор Џес Бејли на средба на која требало официјално да му биде соопштен ставот за изборите, изговорот кој му бил предочен на амасадорот бил скандалозен и идиотски – немал закажано средба. Бејли бил фрапиран од ваквиот однос на Димитриев и неговтио кабинет, при што настанала и расправија со секретарката.