СКАНДАЛ : Еве на што ги учат режимските просветни работници нашите деца! Професор по историја во Свети Николе предавал дека СДСМ ќе бидат запишани како предавници

0
1074

Професор по историја во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Свети Николе, на учениците од 14. и 15. години им предавал лекција по историја за Втората светска војна и за Југославија  и им објаснувал за предавниците во тоа време.

Како пример го посочувал денешното недоразбирање помеѓу политичките партии СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и дека како што сега пишувало во учебниците и учеле за предавниците од тоа време, ги ужел дека „сегашни примери за предавници се СДСМ и ќе бидат запишани како предавници“ со тоа што  велел, „некогаш во иднина идните генерации ќе учеле како СДСМ биле предавници во едно време кога Македонија се обидувала да го гради својот вистински идентитет“.

Нивните деца, велат, родителите, доаѓале вознемирани дома и ја барале вистината од нив.
Во март месец, минатата година, медиумите јавија за скандалот кога Д.Д.(28) од Свети Николе по претходна расправија со неговиот колега Г.Д.(30), физички го нападнал, нанесувајќи му тешка телесна повреда.

Родителите прашуваат дали ваков човек по ова смеел да биде вработен во образование.