СКАНДАЛ: Висок функционер во МВР пијан влегол во ресторан „ДЕСПИНА„ се заканувал со што настанала тепачка!

0
1973

Висок функционер-началник во СВР-СКОПЈЕ во петок према сабота сабајле во четири часот наутро под дејство на алкохол влегол во ресторанот Деспина кој се наоѓа во Скопје и ги вознемирувал гостите кои биле во објектот, јавува порталот „Фронт“.Под дејство на алкохол со службена кола пристигнал во објектот и почнал да ги навредува и да им се заканува на присутните со што настана тепачка.Цветан Д. началник во СВР-СКОПЈЕ е кадар на ВМРО-ДПМНЕ кој бил истепан од присутните кои истиот ги вознемирувал и заканувал со функцијата што ја носи.

„Деспина“ во скопската населба Мичурин

Што барал началникот Цветан-Д во 4 часот наутро во ресторанот?

Дали службеното возило го користел затоа што бил на должност?

Дали ќе сноси последици за овој чин и покрај што е началник во СВР-СКОПЈЕ назначен од предходниот ешалон и член на ВМРО-ДПМНЕ ?

Истиот тој началник е познат и по тоа што на негов близок роднина му нанел сериозни повреди на окото за што му е поднесена кривична пријава која се уште од ОЈО-Скопје не ефектуирана