СДСМ: Што и да најавува Груевски доцна е, збогум Никола

0
1157

Замислените вработувања и инвестиции на Никола Груевски во Македонија, иселија над 600.000 граѓани во странство, според последните официјални податоци од Светска банка. Резултатите од вработувањата и инвестициите на Груевски се над 10.000 затворени фирми. Секоја трета од фирмите е со блокирана сметка. Илјадници семејства се на улица. Над 180.000 граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден, велат од СДСМ.

„Граѓаните гледаат во своите џебови и фрижидери и знаат. Вработувања и инвестиции има само во главата на Никола Груевски. Во реалноста Македонија е 12 земја по беден живот од 180 земји во светот. Во реалноста, само најновото задолжување на државата од Груевски и тоа за негови предизборни цели е над 500 милиони евра. На крајот на годината долгот на граѓаните и Македонија што им го прави Груевски ќе достигне неверојатни над 5 милијарди евра, што значи земјава влегува во групата високо задолжени земји со 60 проценти од БДП. Никола Груевски им одзеде 10 години живот на граѓаните на Македонија. После 10 години, што и најавува Никола Груевски доцна е. Збогум Никола“, се вели во партиската реакција.