СДСМ: Цветков потврди дека субвенциите за 2015 не се исплатени

0
943

„Министерот Михаил Цветков само уште еднаш потврди дека ниту еден земјоделец нема добиено денар субвенција за оваа 2015 година.

Дополнително, Цветков покажа дека исплатата на субвенциите доцни цела една година! Затоа што со 88 милиони евра од буџетот за земјоделство за 2015 година всушност се исплаќаат субвенциите за 2014 година.

Тоа е најсилна потврда за виртуелниот свет на Никола Груевски којшто секоја година се обидува да манипулира со земјоделците и парите кои им следуваат по закон.

Mинистерот Цветков треба да провери и да побара извештај од Aгенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и рурален развој и да види дали некој полјоделец, производител на ориз, лозар или овоштар има добиено субвенции за 2015 година?

Одговорот е: нема!

Впрочем земјоделците најдобро знаат дека Михаил Цветков не ја говори вистината. Згора на се, земјоделците се уште имаат заостанати и неисплатени субвенции за 2012, 2013 и 2014 година.

СДСМ ќе продолжи да ги брани интересите на земјоделците.

Бараме и инсистираме веднаш да започне исплатата на субвенциите за 2015 година!“, велат од СДСМ.