СДСМ: Субвенции за јавниот превоз за намалување на загадувањето

0
1272

„Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а граѓаните се гушат во нечист воздух.

Никола Груевски им одзема 10 години од животот на граѓаните и ништо не презема за да се реши проблемот со екстремно загадениот воздух, опасен по здравјето.

Како што и самите потврдија пред некој ден, за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ загрозувањето на здравјето на граѓаните е „несериозна тема“.

Извештаите на Светска банка посочуваат дека поради огромната изложеност на граѓаните во Македонија на загаден воздух и канцерогени честички годишно има 1.350 смртни случаи поради болести на дишните патишта и рак.

Здравјето на граѓаните за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е неважно. За Груевски, братучедот Мијалков и кумот Ставрески важни се само тендерите, парцелите на Водно, провизиите од потрошените 630 милиони евра за споменици, бизнис интересите на фамилијата.

Причините зошто граѓаните дишат отров наместо воздух е поради тоа што нема инвестиции за заштита на животната средина, не е сппроведена ветената гасификација, уништени се огромни зелени површини, исечени се бројни дрва, намален е шумскиот фонд…

Наместо за раскош, луксуз и провизии за богатење на фамилијата, парите на граѓаните треба да се инвестираат во субвенции за намалување на загадувањето, на пример субвнеционирање на јавниот превоз. Тоа го сакаат граѓаните.

На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!“, велат од СДСМ.