СДСМ: Со ветото за најавеното задолжување од 100 милиони евра не се загрозува исплатата на плати и пензии

0
1225

Целосно неточно е дека со законското право на вето за најавеното ново задолжување на граѓаните од 100 милиони евра на домашниот пазар се загрозува исплатата на плати, пензии и социјални трансфери, реагира СДСМ по соопштението од Министерството за финансии.

Според СДСМ, манипулација е тврдењето дека ветото за планираното задолжување од 100 милиони евра се однесува за сите домашни аукции.

– Ветото се однесува на најавеното задолжување од 100 милиони евра што е принципилен однос на СДСМ, наведува партијата и оценува дека „секое дополнително задолжување претставува обид за финансирање различни форми на изборна измама и корупција“.

СДСМ, како што стои во соопштението, може да се согласи со Ставрески само во едно, дека со еврообврзницата се обезбедени средства за плати и пензии.