СДСМ: Република 29 дена молчи и се крие за приходите од 1.1 милион евра

0
1000

896589549045-670x691

Додека граѓаните тонат во сиромаштија, „Република“ остварува приход од милион евра.

„Република“ 29 дена молчи и се крие за милионските приходи од 1.1 милион евра.

Според податоци од Централниот регистар, за три години „Република“ остварила приходи од 1.1 милион евра!

Во услови кога се затворени 10 000 фирми низ Македонија заради арачот којшто власта постојано им го зема, штитениците на власта, вртат милионски приходи.

Само две гласила под контрола на Груевски и фамилијата, оствариле неверојатни 2.4 милиони евра!

И „Република“ не ја интересираат реалните потреби на граѓаните, затоа заедно со Курир учествуваат во креирањето на извртената реалност, по наредба на уредникот Груевски, за да ги заштитат неговите криминали и провизии.

За Република и Курир најважни се лагите коишто ги пласираат за да ги задоволат апетитие на Груевски. Затоа и остваруваат милионски приходи. Затоа и не ги почитуваат професионалните стандарди за транспарентно медиумско известување.

Брзо ќе стане јасно, како се финансира Република, за што е платена, со колку пари и со чии пари“, стои во соопштението на СДСМ.