СДСМ: Ременски никогаш не била член на ВМРО-ДПМНЕ

0
1138

Паниката кај Груевски е се поголема. Потпретседателката Фросина Ременски никогаш не била член на ВМРО-ДПМНЕ и никогаш лично нема потпишано пристапница во оваа партија, СДСМ децидно ги демнтира информации во одделни провладини медиуми.

„Груевски знае дека преземањето на контролата над власта од страна на граѓаните значи демонтажа на неговото погрешното владеење коешто им одзема 10 години живот на граѓаните. Толку е големо незадоволството и разочараноста на членовите на ВМРО-ДПМНЕ што чесните луѓе масовно го напуштаат Никола Груевски секој ден. Сите граѓани знаат многу добро дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го напуштаат Никола Груевски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

  • Им се заблагодарувам на моите загрижени, наводни „сопартијци“ од Крива Паланка на кои не сум им „оставила посебен впечаток за моите квалитети и потенцијали“.
    Од денешна перспектива овој лист хартија кој не е потпишан од мене како полнолетен граѓанин на РМ, зборува за очајот во кои неуспешните на ним својствен начин се надеваат дека ќе фрлат сенка на успешните.
    Можете да кажете што сакате и колку сакате, за таквите како вас сум Гоце Делчев ! – објави Фросина Ременски на нејзиниот фејсбук профил

rem500