СДСМ: Пукна лагата на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Курир

0
1061

„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени во нарачки и лаги.

Лагите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преку Курир ги разобличи сведокот кој јавно изјави дека Александар Кирацовски му го спасил животот.

Бидејќи другото спасено момче од Кирацовски е син на Илија Србиновски од ВМРО-ДПМНЕ, се затвори кругот на лаги на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Курир.

Пукна лагата на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Курир.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од активната работа на министрите и замениците министри од СДСМ.

Вистинските насилници ги откри Вистината за Македонија, од снимките со закани за семејства во ендек, преку ставениот пиштол во уста на Љубе Бошкоски, до претепувањето до смрт на Мартин Нешковски.

Граѓаните се подготвуваат, на 24 април следува пролетно чистење од валканите политки и дела на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“, велат во соопштението од СДСМ.