СДСМ: Правдата ќе излезе, а оние кои судат по директиви ќе сносат одговорност

0
1093

„Никола Груевски продолжува да го злоупотребува правосудството за политички цели. Денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, покажува дека Груевски, на кого му се одбројани деновите, се обидува со последни сили да ја одржи контролата со којашто е навикнат да владее.

Зошто судот чекал цели 4.5 месеци да одлучи по приговорите на обвинението?
Јавноста знае дека обвинението го покрена Обвинитеството раководено од баџанакот на Сашо Мијалков.

Доаѓа моментот кога ќе престанат ваквите конструирани политички процеси.
Правдата ќе излезе на виделина. Оние кои судат по партиски директиви, порано или подоцна ќе сносат одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.