СДСМ: Нова давачка за фирмите од 60 евра

0
1043

Опозицискиот СДСМ ја обвинува власта за нова давачка од 60 евра годишно што секоја фирма ќе мора да ја плаќа.

– Малку им беше и што им воведоа задолжителна резервна ГПРС-каса или дополнителен трошок до 500 евра, па измислија и давачка од 60 евра годишно што мора да ја плаќа секоја фирма за воспоставување врска меѓу фискалниот апарат и УЈП. Последно го отфрлија предлогот на опозицијата за укинување на овој наметнат трошок за веќе исцедените фирми – се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека оваа нова давачка за фирмите од 60 евра ја нема во законот.