СДСМ: Неуспешна манипулација на „Дневник“

0
947

„Неуспешната манипулација на провладиниот „Дневник“ всушност потврдува дека имотот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е стекнат легално, транспарентно и што е најважно во интерес на државата.

Не е за изненадување начинот на којшто „Дневник“ се обидува да манипулира со јавноста со крајно нејасен, конфузен текст за теми од пред 25 години.

Денешницата, реалноста е поразителна. Граѓаните осиромашуваат, економијата тоне, здравството е во хаос, граѓаните се иселуваат од државата, младите бараат спас надвор од земјата.

Во ваква ситуација ВМРО-ДПМНЕ се стекнала со имот вреден 11 милиони евра, само за една година, без целосно финансиско покритие на оваа огромна сума во завршната сметка на партијата за 2014 година, кога во најголем дел го стекнала имотот.

Тоа повлекува кривична одговорност лично од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Оттука, очекуваме „Дневник“ да ги одговори на јавноста прашањата коишто се уште останаа неодговорени:

Како ВМРО-ДПМНЕ, во само една година, стекнале имот вреден над 11 милиони евра?

Како додека граѓаните мака мачат со неплатените сметки, со извршителските блокади и не можат да обезбедат кров над главата ВМРО-ДПМНЕ се стекнала со имот од над 11 милиони евра?

Како ВМРО-ДПМНЕ успеа да се стекне со 63 објекти низ државава, со близу 12 илјади метри квадратни во само една година?

Десет години ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а не изгради ниту еден студентски дом во Македонија.

Но, затоа изгради луксузна партиска зграда во центарот на Скопје вредна милиони евра.

Граѓаните, професорите, лекарите, студентите…сите знаат дека тоа е можно и разбирливо само за корумпирани структури коишто потрошија 630 милиони евра за споменици, мислејќи единствено на тендерите и провизиите“, се вели во соопштението на СДСМ.