СДСМ: „Курир“ се уште го крие главниот и одговорен уредник

0
1171

„По долги години „Курир“ конечно го објави својот импресум, но, се уште крие од јавноста кој е главен и одговорен уредник на овој овој портал/информативна агенција/агенција – партија.

Се уште нема одговор ниту на прашањето дали тоа значи бегање од одговорност или потврда на она што цела јавност го знае за вистинскиот уредник на повеќе медиуми во Македонија, Никола Груевски.

Иако речиси секојдневно се потврдуваат лагите на медиумските курири тие упорно објавуваат нови.

„Курир“ пред четири дена ги призна грубите лаги и му се извини на потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество, Александар Кирацовски.

Извинувањата од куририте се само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки против сите што се спротивставуваат на погрешните политики на Никола Груевски.

Дополнително, се докажува дека медиумските хајки на власта се само невистини, измислици, и ништо друго.

Кај Никола Груевски и неговите медиумски курири постои голема нервоза со што покажуваат дека најголем страв имаат од вистината.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.

Груевски сака да постојат само „Курир“ и куририте што ги читаат на телевизија виртуелните вести и лагите објавени од ова гласило. Се што е поврзано со вистината медиумските курири имаат задача да го блокираат.

Затоа воопшто не се пренесуваат ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики.

Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што и Европската Комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите“, се вели во соопштението на СДСМ.