СДСМ : „Курир“ и „Република“ се бездушни

0
1217

Дали денеска кога цела Македонија сочувствува со болката на семејствата на загинатите и со сите граѓани на Франција, кога граѓаните од слободарските земји испраќаат пораки на сочувство и солидарснот, само „Република“ и „Курир“ да шират паника и невистина, се вели во соопштението испратено од СДСМ.

„Дали е можно денеска „Република“ и „Курир“ да ги злоупотребуваат во политички цели тешките моменти по теористичкиот напад во Франција што одземаа стотина жртви и ранети, од досега достапните информации. Дали медиумите „Курир“ и „Република“ немаат никакви етички или човечки норми и не може да се издигнат над нивниот партиски интерес? Медиумските курири покажаа дека се бездушни и немаат морал. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ги осудува пишувањата на „Република“ и „Курир“ со коишто шират паника и невистини во јавноста. Срамота. Па каде ви е човечноста“ се вели во реакцијата на СДСМ