СДСМ: Корупцијата однесе многу работни места

0
1088

„ВМРО-ДПМНЕ живее во нереален, имгаинарен свет и неуспешно се обидува да ги замајува граѓаните за да ја сокрие очајната состојба во којашто се наоѓа.

Граѓаните најдобро знаат каква е реалноста и колку ги осиромаши Никола Груевски со неговите расипнички и погрешни политики. Граѓаните тоа го гледаат секој ден во своите фрижидери и празни џепови.

Додека Груевски и фамилијата се богатеше во изминатите години, граѓаните едвај врзуваа крај со крај, луѓе остануваа без работа.

Последната лоша вест е дека 1.000 рудари останаа без работа.

Корупцијата што царуваше во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу инвеститори од земјава.

Никола Груевски 10 години се интересираше само за провизии, парцели на Водно, мерцедеси од 600 илјади евра, очила од 60 илјади долари…

Виртуелните најави на Никола Груевски за 8 милијарди евра инвестиции никогаш не се реализираа.

За десет години ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски изградија само 10 километри нов автопат а потрошија 630 милиони евра за споменици.

Секоја трета фирма во Македонија е со блокиртана сметка а над 10 илјади фирми се затворени.
Тоа е суровата реалност.

Затоа не проаѓаат веќе виртуелните најави и виртуелните инвестиции на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.