СДСМ: Каков ни е воздухот така е политика на Никола Груевски

0
896

Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија. Станицата во Лисиче покажува дека последните три дена воздухот во овој дел од Скопје бил загаден 10 пати над дозволеното. Концентрацијата на штетните честички ПМ10 се движел од 415 до 534 милиграми а дозволени се само 50 милиграми, реагираат од СДСМ.

Иста е состојбата и во другите делови во Скопје, Карпош, Центар, но и во Тетово, Кавадарци, како и во поголемите градови во Македонија.

Според Светка банка Македонија е на самиот врв по годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, односно од канцерогените честичките кои предизвикуваат рак. Извештајот „Зелен раст“ на Светска банка покажува дека Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Тоа е најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, од рак и болести на дишните патишта.

gruevski5 Лисиче-1

Никола Груевски го згорчи секојдневниот животот на граѓаните, економски го сруши стандардот и ги осиромаши. Дополнително, не само што Груевски го контаминираше целото општество, слободата во медиумите, туку го загрози најскапото нешто, здравјето на граѓаните.

За споменици и бронза Никола Груевски потроши над 630 милиони евра а цели 10 години проблемот со огромната загаденост на воздухот што ги труе граѓаните нема решение.

Дури и пред заминување Груевски сака да ги задолжи граѓаните со нови 500 милиони евра а да ги остави да се гушат во нечист, загаден воздух.

Тоа е Никола Груевски кој на граѓаните им одзема 10 години од животот.

Граѓаните се обединија против политиките кои им го загрозуваат животот: Збогум Никола!