СДСМ: За време на Тодоров се случија најстрашните работи во здравството

0
898

Само во виртуелниот свет на Никола Груевски, неспособниот Никола Тодоров, може да се шета по градовите во Македонија, да бара идеи од граѓаните и да предлага подобрување на статусот на лекарите.

Во реалноста каде и да оди Тодоров ќе слушне една идеја: збогум Никола!

Во реалноста докторите бараат оставка од Тодоров.

Денешната најава на Никола Тодоров за законски измени во делот на специјализациите е само потврда дека Тодоров се исплаши од петицијата на 360 доктори поднесена во Собранието на Република Македонија кои реагираат за лошата состојба во којашто се наоѓаат.

Доцна се сети Никола Тодоров.

Никола Тодоров е еден од најнеспособните министри на манипулаторот Никола Груевски, синоним за хаос.

За време на неговиот мандат се случуваат најстрашните работи во здравството.

Болниците се руинирани, умираат родилки и новороденчиња, сред бел ден се пука во лекари.

Граѓаните не ги добиваат потребните здравствени услуги.

Лекарите си заминуваат од Македонија. Податоците се поразителни, дури 200 лекари годишно заминуваат од земјава.

Македонија, според Еуростат е на врвот на листата со починати новороденчиња во Европа.

Миленичето на Никола Груевски, Тодоров не понесе одговорност за ниту еден скандал во здравство, за што и јавно кажа дека не чуствува никаква морална одговорност.

Граѓаните слушнаа што мислат и како се нарекуваат меѓусебе сопартијците Зоран Ставрески и Никола Тодоров.

Ставрески за Тодоров мисли дека најмногу стратешки грешки направил а Гордана Јанкулоска дека и во претходното министерство Тодоров министерувал во истиот тој стил.

За Груевски и Тодоров поважни се тендерите и матните зделки отколку здравјето на граѓаните.

Никола Груевски потроши неверојатни 630 милиони евра за споменици а според последните извештаи на Фондот за здравство, на крајот на јуни 2015 година, долговите на јавните здравствени установи се над 51 милион евра, а обврские се над 70 милиони евра.

Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола и збогум за твоето друштво!