СДСМ: Зад Курир стои Мијалков, затоа ги крие милионските приходи

0
1109

„Во услови кога Груевски со своите арач политики затвори над 10 000 фирми, владините курири работат турбо со милионски приходи.

Од каде му се на Курир приходите од 1.300.000 евра?

Граѓаните и фирмите би сакале да знаат како Курир успева да заработи приходи од 1.300.000 евра во време на најголема сиромаштија во Македонија.

Дали поради тоа што зад Курир стои братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, молчи со денови за милионските приходи?

Фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е поврзана со фирмата НВСП, којашто пак е основач на агенцијата за обезбедување СГС.

Зад агенцијата за обезбедување СГС стои лично братучедот Сашо Мијалков.

Сопственик на НВСП, чијшто основач е СГС, е Владислав Стајковиќ.

Владислав Стајковиќ е близок и до кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Граѓаните слушнаа за поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел, во проектот Вистината за Македонија.

Преку Курир, Груевски и фамилијата ја спроведуваат уредувачката политика на медиумите коишто се директно под нивна контрола.

Преку пропагандата и Курир, Груевски и фамилијата креираат една лажна реалност со цел да ги сокријат криминалите и богатењето на грбот на осиромашените граѓани.

Дали Курир за 1.300.000 евра ги труе граѓаните за да ја штити расипничката власт на Груевски и Мијалков или за многу повеќе?

Набргу ќе се открие од каде му се парите на Курир и за која цел“, велат од СДСМ.