СДСМ: Денеска Груевски повторно ги задолжи граѓаните за нови 64 милиони евра

0
933

„Денеска Никола Груевски повторно ги задолжи граѓаните за нови 64 милиони евра.

Речиси и да нема ден Никола Груевски дополнително да не ги задолжи граѓаните со нови кредити што ќе ги враќаат идните генерации.

Ново задолжување со обврзница од 500 милиони евра, нов кредит од Ерсте и Дојче банка со околу 90 милиони евра, нов кредит од ЕБОР, ново задолжување кај домашните банки…

Никола Груевски во изминатите години потроши 630 милиони евра за споменици.

Наместо да ги задолжува граѓаните, Груевски можеше дел од овие 630 милиони евра да ги пренамени за изградба на патишта.

Но, за Никола Груевски најважни беа бизнис-фасадните интереси на фамилијата. Затоа Никола Груевски 10 години не инвестираше во патната инфраструктура во земјава и не направи ниту еден нов автопат.

Сега, 2 месеци на крајот од мандатот, Груевски предизборно се сети дека треба да се инвестира во патна инфраструктура.

Но доцна е. Обновата на патната инфраструктура и новите автопатишта ќе ги изгради владата на СДСМ, по 24-ти април.

Господинот „орочен“ им одзема 10 години живот на граѓаните и заминува во историјата“, се вели во соопштението на СДСМ.