СДСМ: Груевски се изгуби

0
1251

За кои инвестиции во железници зборуваат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, за тие од кои возови излетуваат од шини? За кои работни места зборуваат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, за XX вработени, како во пропаднатата инвестиција Мадерсон груп?

Во прилог е документот од таквите виртуелни инвестиции на Никола Груевски на коишто Груевски за два икса вработени (XX) им делел државна помош од пари од граѓаните во десет икса (Мадерсон донација, XXX)!

Колку пари на граѓаните отишле за вакви XX виртуелни инвестиции во Македонија, знае само Груевски. За која изградба на Македонија зборуваат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, за потрошените над 630 милиони евра за споменици и фасади што гнијат и се распаѓаат?

Додека над 180.000 луѓе живеат со по 40 денари на ден?

Додека примателите на социјлана помош живеат со 22 денара на ден?

Додека над 500.000 луѓе жувеат на работ на сиромаштија?

Додека 10.000 фирми се затворени, а секоја трета е со блокирана сметка?

Во многуте иксови Груевски самиот се изгуби.

Граѓаните имаат идеја за Груевски и неговите катастрофални политики кои им одзедоа не само пари, туку и 10 години живот.

На 24 април граѓаните ќе го испратат Груевски на роуд шоу во историјата, велат од СДСМ.