СДСМ: Груевски нуди виртуелни инвестиции од 600 милиони евра

0
965

На крајот од мандатот Никола Груевски се расфрла со нереални, лажни ветувања. Најнова шарена лага се виртуелни 600 милиони евра инвестиции во железницата, реагира СДСМ.

„Човекот којшто е главен реализатор на шемите на Груевски „немаме за леб а трошиме за чоколадо“, кумот Зоран Ставревски, рече дека од 2012 година се инвестирале 600 милиони евра во железницата! Кого лажат Груевски и Ставревски? Какви 600 милиони евра инвестиции во железницата. За време на мандатот на Груевски за три до четири пати се намали вкупниот бројот на локомотиви и патнички гарнитури поради негрижа и нередовна санација. Никола Груевски, цели 10 години не успеа да го реши ниту клучниот проблем, обнова и реконструкција на застарените железнички пруги. Дури и реконструцијата на железничката станица во Скопје, вредна 2.6 милиони евра, е обезбедена од фондовите на Европската унија“, се наведува во соопштението.

Очигледно Груевски и Ставревски пред заминување ги помешаа милионите, велат од СДСМ и прашуваат дали Груевски и Ставревски мислат поторшените 630 милиони евра за споменици да ги бројат како инвестиција во железницата?

„Виртуелните 600 милиони евра инвестиции се нова предизборна лага после изјавата на Груевски дека ќе изгради 3 студетски домови откако 10 години барал локација за нов студетски дом“, велат од најголемата опозициска партија.