СДСМ: Груевски и неговите медиуми се нервозни и уплашени затоа што се ближи крајот на нивната власт и затоа извртуваат и лажат!

0
1194
ВМРО-ДПМНЕ капитулирше и предграѓаните и пред меѓународната јавност. Затоа постојано извртуваат изјави и неточно ги пренесуваат. Изјавите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се јасни и прецизни. Претседателот Зоран Заев е конткретен дека роковите треба да се испочитуваат, но не ја исклучува можноста дека може да дојде до пролонгирање на роковите за избори поради кршење на Договорот од 2 јуни / 15 јули од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ се плаши од фер, деморатски и слободни избори. ВМРО-ДПМНЕ се плаши од комплетирање на специјалното јавно обвинителство поради соочување на одговорноста за целокупниот криминал во изминатите години. ВМРО-ДПМНЕ се плаши од независен министер за внатрешни работи. Оттука е нервозата кај провладините медиуми.