СДСМ: Груевски е синоним за корупција

0
980

„ВМРО ДПМНЕ не може да ги оправда виртуелните инвестиции на Никола Груевски. Бројките, фактите, вистината ја демантиараат ВМРО-ДПМНЕ.

626.312 граѓани ја напуштиле Македонија, пред се млади, образование луѓе, поради невработеност и лоши услови за живот. Тоа се 626.312 човечки судбини коишто најсилно говорат за неспособноста на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

1.000 рудари останаа без работа пред неколку дена, загрозена е егситенцијата на нивните семејства.

Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка а над 10.000 фирми се затворени.

Поради undoing business политиките на Груевски странските инвеститори ја напуштаат Македонија, се зголемува невработеноста.

Наместо 5.600 вработувања во Веибо груп и инвестицијата од 400 милиони долари како што ветуваше Никола Груевски сега има само изорана ливада и нула нови работни места.

Виртуелниот свет на Никола Груевски на граѓаните им донесе постојано осиромашување додека Груевски мислеше на провизиите, парцелите на Водно, мерцедесто од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари…

Никола Груевски е синоним за корупцијата во Република Македонија којашто изеде безброј работни места“, се вели во соопштението на СДСМ.