СДСМ: Груевски да излезе пред граѓаните и да одговори за злосторничкото здружување

0
1142

„ВМРО-ДПМНЕ се во толку голем очај што и самите веќе не знаат како да го оправдааат молчењето на нивниот претседател, Никола Груевски.

Никола Груевски, се уште го нема во јавноста да се огласи, да каже која е неговата улога во злосторничкото здружување и каква е неговата инволвираност.

Наместо да се крие зад празните соопштенија, Груевски да излезе јавно и да каже која е неговата улога во ова злосторничко здружување.

На Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека доаѓа времето на промени, доаѓа времето на сериозна борба со криминалот и корупцијата, доаѓа времето во коешто кражбата ќе запре а парите ќе се вратат на граѓаните.

Заврши времето на Никола Груевски, завшрува времето на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.