СДСМ: Груевски го игнорира сериозниот проблем со загадениот воздух

0
784

Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 8 пати над дозволеното, а во Битола и Тетово ПМ10 честичките изнесуваат речиси 7 пати над дозволеното, додека во Кичево 4 пати над дозволената граница, реагира СДСМ.

„Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, а Никола Груевски го игнорира овој сериозен проблем којшто е на директна штета на здравјето на граѓаните.Политиките на Никола Груевски го уништуваат здравјето на граѓаните.
Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици во Скопје а граѓаните се гушат во нечист воздух. Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни“, се наведува во соопштението.

Партијата потсетува дека Македонија според Светска банка Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните со цврсти, канцерогени честички, а повеќе од 1.350 смртни случаи годишно има во земјава поради предизвикани болести на дишните патишта и рак.