СДСМ: Граѓаните од Крива Паланка порачаа – Доаѓа времето на промени!

0
1027

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска вчера беше помеѓу граѓаните на Крива Паланка.

„Животот во Македонија станува се потежок. Немаме квалитетно здравство, немаме квалитетно образование, ниту пак достојни услови за живот. Иселувањето на младите го зафати и овој крај. Со овие зборови граѓаните ја пречекаа заменик претседателката Шекеринска. Ги мачат многу проблеми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Шекеринска рече дека СДСМ е помеѓу граѓаните за да разговара за нивните проблеми и за тоа како Македонија да добие добра власт којашто ќе им служи на нив, на граѓаните.

K.Palanka

– Нашата цел е да ја промениме влста за да ја менуваме Македонија на подобро. Македонија да биде подобро место за живеење за нас и нашите деца, рече Шекеринска.

– Нашата политика ќе биде враќање на средната класа, отворање на нови работни места, зголемување на минималната плата. Да ги задржиме младите дома и да градиме заедничка иднина, додаде заменик претседателката.

K.Palanka4

Зборувајќи за актуелната политичка ситуација Шекеринска рече дека ВМРО-ДПМНЕ се плаши од слободни, фер и демократски избори и од соочување со одговорноста.

„За да се одржат фер и демократски избори, мора да се прочисти Избирачкиот список и медиумите да се ослободат, да почнат да ја говорат вистината.

Оваа масовност, оваа ваша поддршка, покажува дека доаѓа времето на промени. Вашата поддршка ни дава храброст и сила и затоа ќе успееме, заедно“, рече Шекеринска.

K.Palanka5