СДСМ: Граѓаните знаат, Груевски и Мијалков тајно се пазареа за името

0
1152

„Зарем Антонио Милошоски мисли дека граѓаните на Македонија заборавија дека ја дознаа вистината за сите лаги врз коишто Никола Груевски го изгради имиџот за неговиот виртуелен патриотизам?

Не Антонио. Граѓаните на Македонија паметат.

Преку проектот Вистината за Македонија големата вистина проби како шило на 16 мај 2015 година:

Граѓаните дознаа дека токму Никола Груевски се пазарел со уставното име на Република Македонија и тоа тајно под маса, преку класични underground методи. Со неговиот братучед Сашо Милајков заедно со познатиот бизнис партнер на Груевски од Грција, Емануел Малелис, познат како Манолис.

Тоа биле вистинските преговарачи за промена на името на државата а за ова Антонио Милошоски знаел ама молчел.

Од објавените аудио разговори стана јасно дека Никола Груевски се пазари за уставното име на земјава разговарал и ги договарал дури и идентитетските прашања. И не само што Груевски и Мијалков го правеле сето ова, туку го правеле задкулисно“, велат од СДСМ.