СДСМ: Во Македонија постојат само фантомски вработувања

0
892

Директорот на Агенцијата за вработување во заминување, Влатко Поповски, не може да зборува за вработувања освен ако не мисли на вработувањата на македонските граѓани во странство, реагира СДСМ.

„Поразителни се податоците дека десетици илјади жители годишно ја напуштаат Источна Македонија од своите родни огништа, и тоа со странски пасоши. Секоја година се празнат Делчево, Виница, Македонска Каменица, Кочани, Пехчево и Берово. Тоа најдобро го чувствуваат семејствата чиишто деца се заминати. Според податоците на Светска банка 626.312 граѓани се иселиле од Македонија, најголем број млади, образовани луѓе. Никола Груевски не може да влијае на овие податоци. Тие се реални, не се фантомски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека поради невработеноста и нискиот стандард секој втор млад човек сака да си замине од Македонија.

„Додека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ предизборно се расфрлаат со лажни, виртуелни инвестиции и вработувања, Македонија се соочува со најголемиот егзодус на граѓаните, пред се младите. Надвор од границите на Македонија, дипломираните инженери, економисти, правници, се принудени да работат и како келнери. На тие ли вработувања мисли Поповски? Корупцијата во врвот на власта однесе безброј работни места и запушти многу населени места во Македонија. Наместо 8 милијарди евра инвестиции 8 милијарди лаги на Никола Груевски скапо платени преку пропагандата на медиумите. И додека над 180.000 граѓани се борат за основна егзистенција, а над 500.000 живеат на работ на сиромаштијата, за три години, во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа за ширење на владиниот популизам завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните. Во Курир, Република и Радио Слободна Македонија над 3 милиони евра! Кај газдата на Нова телевизија, Кочан, 4 милиони евра! Тоа се неверојатни 20 милиони евра. Медиумскиот мрак, пропагандата и медиусмките хајки се платени со пари на граѓаните. Во Македонија постојат фантомски вработувања, во реалноста невработеноста расте“, се наведува во соопштението на СДСМ.