СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е очајна, тврди дека ЕК лаже!

0
1269

ВМРО-ДПМНЕ е очајна, тврди дека ЕК лаже! ВМРО-ДПМНЕ е очајна и не знае што зборува. Дали ВМРО-ДПМНЕ сака да каже дека Европската комисија лаже за уназадената слобода во медиумите во Македонија? Го прочитале ли Извештајот на Европската комисија во врвот на ВМРО-ДПМНЕ или не сакаат да се соочат со вистината?, реагира СДСМ.

„Фактите говорат дека Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, според Репортери без граници. Зарем ВМРО-ДПМНЕ сака да каже дека меѓународната организација Репортери без граници лаже?

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски живеат во нереален, имагинарен свет. Катастрофалната состојба со слободата на медиумите е потврдена и во Извештајот на Европската комисија и од сите релевантни меѓународни организации“, реагира СДСМ.

Во сооопштението се потсетува и за наведувањето на случајот кога Пешевски нападна сопственик на портал.

„Европската комисија забележува уназадување на слободата на изразување во Македонија, нотира заплашување на новинарите и изразува сериозна загриженост за уредувачката политика на јавниот сервис МРТВ. Комисијата го наведува физичкиот напад на Владимир Пешевски, во Македонија познат како господинот „дил-ориентед“, врз уредник на еден интернет портал со акцент дека владата не реагирала. Ќе го демантира ли ВМРО-ДПМНЕ јавно објавеното видео од овој напад?

Јасно е, уредникот Никола Груевски најголем проблем има со вистината. Затоа, најголема инвестиција на Никола Груевски се неговите медиумски фабрики за ширење лаги. Колку се очајни медиумските курир на Никола Груевски потврда денешниот пример. Очигледно помеѓу една и друга нарачка медиумските курири демнат поединци по социјалните мрежи, креираат лажни профили, и потоа самите си креираат лажни вести“, вели СДСМ.

Најголемата опозициска партија порачува дека по 24 април, слободата на медиумите ќе биде загарантирана.

„Времето на Никола Груевски помина. Доаѓа слободата. По 24 април, во слободна Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана. Збогум Никола и збогум на твоето друштво!“, порачува СДСМ.