СДСМ: Брза помош им треба на Груевски и Тодоров, но доцна е

0
1073

СДСМ порачува дека е срамношто Груевски и Тодоров ја користат Брзата помош за да се спасат себе си и бараат од нив да признаат колку лекари и медицински персонал работат во Брзата помош без помината обука за брза помош.

„Ако мислеа Груевски и Тодоров на граѓаните, зошто по 10 години од власта се сетија дека треба да прават обуки и тоа на нов персонал, во странство? Груевски и Тородов наоѓаат начин како да испрерат уште некоја пара на граѓаните“, велат од партијата и додаваат дека Груевски и Тодоров се обидуваат да го покријат хаосот во здравството:

– Револтирани хирурзи кои оперираат под стрес зашто под закани за отказ од работа од денеска се принудени да го прекинат протестот.

– Измалтретирани и незадоволни пациенти чии животи се во ризик, кои се подготвени да ја земат правдата во свои раце.

– Фактот дека 229 новороденчиња, според Европстат, починале само за една година.

– Руинирани билници, скапа опрема што не работи или стои во кутии.

„Никола Груевски и Никола Тодоров ги загрозувааа животите на пациентите и на лекарите. Груевски и Тодоров бараат брза помош за спас. Доцна е. Груевски и Тодоров повеќе не може никој и ништо да ги спаси“, се наведува во соопштението.