СДСМ: Битолчани имаат идеја: Збогум Никола!

0
1254

Фактот што на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Битола не било дозволено медиумите да останат до крајот туку веднаш по обраќањата биле избркани докажува дека Никола Груевски се плаши од вистината, велат битолските социјалдемократи.

Од таму истакнуваат дека вистината е поразителна за Груевски, затоа што во Битола некогаш никнуваа фабрики, а сега се затвораат.

„Само оваа година во стечај замина „Млин Стојчев“, голема мелничко-пекарска компанија. Над 200 вработени останаа без работа. Словенечката „Метеорит“ и печатницата „Микена“ исто така отворија стечајна постапка, над 40 вработени останаа без работа.
Се затвори и познатата Шекерана и фирмата за сувоместни производи „Римоти“. Дури и најпознатата фабрика која извезуваше за европските пазари и САД, фабриката за трикотажа „Пелистер“ отвори стечајна постапка. Над 200 вработени останаа без работа“, велат од СДСМ Битола.

Доцна е сега Никола Груевски да бара граѓаните да му даваат идеи, нагласуваат битолските социјалдемократи, затоа што граѓаните имаат идеја: Збогум Никола!